Зошто е добро да се јаде кисела зелка?

Зелката е една од ретките, ако не и единствена природна намирница која човекот успеал да ја подобри, односно да ѝ ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Киселата зелка е богата со калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар. Зелката преку процесот на киселење (ферментација) создава исклучително активен кобаламин (витаминот Б12), кој инаку исклучиво може да се најде во намирниците од животинско потекло.

Лековити својства на киселата зелка:

1. Го подобрува расположението
2. Го прави организмот отпорен на стрес
3. Ја активира размената на материи во мозокот
4. Помага при создавањето на црвени крвни зрнца
5. Ја стимулира работата на клетките и подмладува
6. Помага за зајакнување на коските
7. Ја регулира и намалува количината на масни материи и холестерол во крвта
8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите
9. Придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткиво

Повеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство од витамин Б6, без кој инаку протеините воопшто не би биле искористени. Исто така киселата зелка е богат извор на витамин Б3, кој е потребен за целосниот метаболизам, енергија и размена на материи во мозокот.

фото: ezdravje.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *