(ВИДЕО) Внесете Божиќен и новогодишен дух во вашиот дом

Веќе сме на крајот од месец  декември. До Нова Година и Божиќ неделат уште неколку дена.  Затоа, ако веќе не сте го сториле тоа, време е да се погрижите за својата празнична декорација, за да го направите вашиот дом попријатен и повесел. Освен на традиционалната новогодишна елка, убаво е да се обрне внимание и на декорацијата на својот дом.

Доволно е да ја ослободите имагинацијата и дури може да користите некои од достапните празнични играчки и венци. Вклучувањето на светла пак секогаш прави сè да изгледа уште побожиќно и повесело. Ви пренесуваме неколку идеи за украсување на вашиот дом.

Новогодишните празници речиси секогаш не потсетуваат на мирисот на греено вино и цимет, а мирисот на цимет можете да го имате секогаш во домот. Потребна ви е една свеќа на која ќе наредите парчиња цимет прицврстени со декоративен конец.

Лампионите не мора да висат исклучиво на елката, можете да ги употребите и како орнаменти на прозорите.

Со малку хартија и инспирација од фрижидерот можете да направите снешко.

Уште едно надополнување на домашната трпеза можат да бидат и рачно изработените капи.

Ако подготвувате голема вечера за пријателите и блиските, трпезата можете исто така да ја декорирате на уникатен начин, со мини новогодишни чорапи.

фото: prt Scr You tube

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *