(ВИДЕО) Во Канкун откриена голема палата на Маите

Археолозите при ископувања во Мексико, во близина на градот Канкун, откриле древна палата со големина на половина фудбалско игралиште кој потекнува од периодот на цивилизацијата на Маите, пренесуваат светските агенции.

Голема палата која ја користеле Маите била од пред повеќе од 1.000 години . Националниот институт за антропологија и историја соопшти дека остатоците кои се високи шест метри, 55 метри долги и 15 метри широки, укажуваат дека палатата била создадена во два долги периоди меѓу 600 и 1.050 година, јавува Ројтерс.

Цивилизацијата Маи на врвот е меѓу 200 и 900 година и опфаќала големо подрачје на денешно јужно Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас.

Покрај палатата, археолозите истражуваат уште некои наоѓалишта меѓу кои олтар и остатоци од две станбени градби.

фото: India Times Post

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *