Зошто треба да јадеме индиски ореви?

Индискиот орев е извонредно корисна намирница која во нашата исхрана не се користи доволно.    

Научниците докажале дека индискиот орев, благотворно делува на воспаленијата, има својство на антисептик, диуретик, како и да делува добро во „војната“ против бактериите.

Со консумирањето на овој орев можете да го намалите кашлањето, да го намалите високиот крвен притисок и шеќерот во крвта. Ги чисти цревата, а делува и како афродизијак.

Нутриционистите истакнуваат дека индискиот орев има повеќе витамин Ц од портокалот и се препорачува да се додава во салатите од свеж зеленчук наместо масло.

Индискиот орев потекнува од Бразил, но денес најмногу се произведува во Индија (по што се познати како ″индиски″ ореви).Индискиот орев не е јатка туку семка од cashewјаболко – плод на индискиот орев.

За разлика од други јатки, индискиот орев е мек и со благ вкус. Освен во десертите, дава одличен вкус и на солените јадења ( на пример јадења со ориз, кус кус, салати… )

Кај нас овој орев е популарен како грицка, но како таков (пресолен и препржен) не дава многу хранливи материи. Најдобро е да се консумира суров, сварен во млеко или лесно препржен.

фото: Архива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *