Што предвидел Нострадамус за 2020 год?

Францускиот пророк Нострадамус е автор на една од најпознатите книги за пророштво досега. Се верува дека го предвидел одењето на Месечината, смртта на Хенри II, убиството на Кенеди…. Едно од најстраотните негови предвидувања е тоа дека ќе има трета светска војна. Според Нострадамус, територијата на Македонија ќе има клучна улога  во новата последна „трета светска војна”, која нема да се случи доколку надвладее разумот,затоа што “судбината на човекот не е во природата, туку во неговите раце” и дека единствено тој, “човекот”, може да ја спречи големата катаклизма и своето самоуништување.

А еве што Нострадамус предвидува за 2020 год.

Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател, но ќе се најде во опасност.

Америка ќе ја погодат силни потреси, особено Калифорнија и тоа во текот на јуни и јули.

И Европа не е побезбедна од потреси. Иако не предвидел кога точно ќе биде земјотресот, наводно ќе биде во Турција и ќе биде со јачина меѓу 7 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Глобалната економија повторно ќе биде во криза. Нострадамус ја предвидел кризата во 2008 година, а истото го предвидува и за 2020 година. Стартер за новата економска криза ќе биде токму Велика Британија, која ќе го реализира брегзит и ќе излезе од Европската Унија. Нострадамус дури предвидува дека целото Обединето Кралство би можело да се распадне.

Тој исто така предвидува дека монархот „кој најдолго владее ќе умре“.

Освен големите земјотреси во Европа и Америка, Нострадамус предвидува страшни пожари во Грција, Поетугалија, Шпанија, Холандија, Германија, Франција и Хрватска. За Америка предвидел и силни бури и торнада.
За 2020 година Нострадамус го предвидува и она од што многумина се плашат веќе со години – растопување на ледниците.

Инаку Мишел де Нотрдам роден 14 декември 1503 или 21 декември 1503 – 2 јули 1566) или попознат како Нострадамус бил француски аптекар и почитуван јасновидец кој отпечатил колекција на пророштва кои брзо станале познати во светот. Најпознат е по неговите „Пророштва“ (Les Propheties), првото издание кое се појавило во 1555 година.

Интересот за делото на Нострадамус, кој е истакната фигура на француската ренесанса е сè уште голем, посебно во медиумите, а на неговите пророштва во некои случаи им се додава библискиот код, или трудовите на некои други пророци.

Алманахот и книгите кои ги пишувал Нострадамус доживеале таков успех, што почнале да се издаваат секакви книги под негово име. Настанала таква збрка, поради која Нострадамус бил огорчен. Се затворил дома, не примал никого, и во 1558 година го издал второто проширено издание на своите центурии, кое го посветил на кралот Хенрих II, и му напишал едно опширно писмо во кое се вели:

„Можев во секој катрен да го напишам точното време на настаните, но тоа не би им се допаднало на сите. Затоа сè запишувам шифрирано, а не едноставно пророчки.“

фото: CODIGO OCULTO

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *