Каква порака пренесува бојата на карминот?

Црвениот кармин е безвременска класика, а со вистинската нијанса, можете да го освоите секого. Црвениот кармин е одличен за секоја пригода – од работното место, па сè до ноќните забави. Но, не секој треба да ја користи црвената боја, од едноставна причина не им прилега на сите. Токму поради тоа во денешно време има цела палета на нијанси, а вие треба само да ја одберете онаа која најмногу ви прилега. Но, нешто што е многи позначајно кога станува збор за бојата на карминот, пред да се одлучите за нијансата која ќе ја употребите,треба да дознаете каква порака им испраќате на мажите со бојата на усните.

Еве што препорачуваат шминкерите. Еве каква порака оставате зависно од бојата на карминот кој сте го ставиле тој ден.  

Црвена
Огнено црвените усни “зборуваат” – би сакала да сум во центарот на вниманието. Иако ќе бидете највпечатлива во друштвото со изборот на овој кармин, мажите се малку скептични за бакнежите со нив – бидејќи се плашат од последиците. Црвениот кармин остава дамки на кожата.

фото: Kylie Cosmetics

РОЗЕВА
За разлика од црвената, розевата боја не е толку заводлива. Оваа боја е панк, рок и авантуристичка и отсликува една девојка која не се плаши да биде различна                                              

фото: Medium

БЕЖ
Дами кои носат неутрални тонови на усните делуваат ладни, а мажите не ја сакаат оваа боја. Усните изгледа безлично и воопшто не е секси, а сјајот преку оваа боја ги подсетува на торта со глазура.

фото: beautybyearth.com

СВЕТЛО ПОРТОКАЛОВА
Зад портокаловите усни мажите велат дека се крие забавна и духовита девојка. Портокаловата боја на руж открива една жена која е самоуверена.

фото: Runway Rogue

УЛТРА СЈАЈНИТЕ
Светкавите и сјајни усни им доликуваат на младите девојки. Ако преку карминот ставите и светкав сјај ќе изгледате несериозно. Ако навистина сакате светкави усни подобро да го користите безбојниот сјај. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *