“Вог” ја прогласи Наоми Кембел за најдобро облечена

„Модната Библија“, магазинот „Вог“ ја прогласи Наоми Кембел за најдобро облечена жена за 2019 година.

Кембел, која следната година ќе наполни 50 години, успеваше секое свое појавување да го претвори во „значаен моден момент“, велат уредниците на „Вог“.

„Постојана во својата извонредност, начинот на кој Кембел владее со статусот на супермодел е неспоредлив“, појаснува „Вог“.

На второто место се најде британската актерка Џема Чен, па следуваат Ријана, Фиби Волер-Бриџ, Адвоа Абоа, Лупита Нјонго, Зое Кравиц, Трејси Елис Рос, Меган Маркл и Леди Гага.

Во споредба со лани, нови имиња во топ 10 се Волер-Бриџ, авторката на хит-серијата „Флибег“ и британскиот модел Адвоа Абоа.

Магазинот особено ја фали војвотката од Сасекс, за која кажа дека внесла модерни размислувања во британското кралско семејство.

фото: Dazed

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *