Жители на едно шпанско село слават Нова година на пладне, причината е тоа што сакале да си легнат пред полноќ

Жителите на малото село Виљар де Корнеха во Шпанија влегоа во новата деценија вчера на пладне, наместо на полноќ.

Причината не е во тоа што во селото во близина на Мадрид времето поминува побрзо од другите градови во Шпанија, туку се работи за желба на жителите, од кои повеќето имаат повеќе од 80 години, на време да одат на спиење.

Во Виљар де Корнеха живеат само 30 жители, и поради тоа што постарите луѓе не сакаат да остануваат будни до полноќ, одлучиле почетокот на Новата година да го слават 12 часа порано.

Оваа традиција почнала во 2004 година.

фото: Spain.info

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *