Изгубил 11 милиони долари добиени на лотарија, поради тоа што не се јавил навреме да ја подигне премијата

Националната лотарија на Турција ја поништи премијата на специјалната новогодишна лотарија од 2018 година во вредност од 70 милиони турски лири (11,7 милиони долари) откако среќниот добитник не се појави во предвидениот временски рок, јави Анадолија.

Турските медиуми објавуваат соопштение од Националната лотарија на Турција со кое се потврдува дека го поништиле тикетот под број 7615536 бидејќи добитникот не се појавил во предвидениот рок – 31 декември 2019 година.

Од Лотарија на Турција уште додале дека среќниот добитник на оваа награда повеќе нема право да ја подигне новогодишната награда од 2018 година.

Според турскиот закон, износот ќе биде префрлен во државната благајна и ќе биде искористен за јавни услуги.

фото: Архива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *