Како да го победите мамурлакот по лудата ноќ!

После луда забава, многумина страдате од мамурлак. Имате пулсирачка главоболка, вртоглавица, осетливи сте на светло и звук и жалите што не сте прекинале со пиење пред да биде предоцна. Дочекот на Новата ви се претвора во утринско мачење. Зошто:

Алкохолот е дрога и кога ќе се консумира во поголеми количини го полни нашето тело со токсини. Затоа, телото реагира така како што би реагирало и при предозирање со дрога – сака да се ослободи од штетните супстанции.

Ви нудиме неколку совети како да го победите мамурлакот…

Јадете банани. Бананите се супер храна ако имате мамурлак. Кога сте пијани уринирате повеќе од нормално и со тоа губите калиум. Бананите се богати со калиум, па затоа излупете една банана и вратете си ја енергијата.

Мед и лимони. Зовријте една чаша вода и измешајте во неа мед и сок од лимон по ваш вкус. Пијте од течноста неколку пати во денот. Лесно е за пиење, а го снабдува организмот со течности и шеќери. Користете мед, а не бел шеќер, затоа што медот содржи фруктоза која е полесна за апсорбирање.

Мраз. Ставете облога со мраз на главата. Искршете мраз и ставете го во најлонска торбичка. Завиткајте го во сува крпа и поставете го на главата каде што ве боли. Исто така можете да наводните една крпа, да ја ставите на челото и да се релаксирате.

Џус. Пресно исцедениот сок од портокал ќе ви помогне да го покачите нивото на шеќер во крвта и да си ги олесните симптомите на мамурлак. Но, ако имате проблеми со стомакот, наместо сок од портокал пијте свеж сок од јаболка.

Пијте вода. Водата е добар лек на мамурлакот, бидејќи телото после пијанство е дехидрирано. Пијте повеќе од 8 чаши вода дневно додека закрепнете.

фото: Republika.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *