(ФОТО) „Макраме“ – рачна изработка со врзување чворови, се верува дека тие носат среќа

Живееме во време кога се ни е достижно. Во продавниците има секаков никит, секој засебен и специфичен, но мора да се сложите дека нема човек на кого окото нема да му застене до она највредното… рачната изработка. Секое парче уникатно само по себе. За негова изработка е потребно време. Преку вештите раце на Јасминка ви претставуваме изработка на „Макраме“.

LIFE STYLE:  Што претставува макраме?

Јасминка Гилевска: Макраме е техника на врзување чворови.Оваа техника е многу стара.Пронајдени се записи кои сведочат за употреба на оваа техника од страна на Асирците и Вавилонците.Техниката ја користеле и морнарите за врзувањ на бродовите.Оваа техника најмногу се користи во Шпанија,Ј.Америка,Ориенталните земји,Кина и др.Кинезите веруваат дека чворовите носат среќа,затоа макрамето е многу користено за изработка на различни украси и аксесоари.Кај нас оваа техника прво се користела за изработка на корпи за цвеќа, а последниве години се користи за изработка на накит.

LIFE STYLE: Какви конци се користат?

Јасминка Гилевска: За макраме може да се користи различен конец:волница,памучен,конопен,пластифициран и др.Јас користам пластифициран конец кој е мешавина од памук и одреден процент на пластика.Овој состав му дава цврстина,долготрајност и лесно одржување.

LIFE STYLE: Моделите дали се ваша креација или се црпат идеи од интернет?

Јасминка Гилевска: Макрамето го научив пред 15 години од книга за домакинство.Во тоа време не го користев интернето како алатка за учење нови работи.Благодарение на тоа изградив сопствен стил кој ме прави препознатлива и различна од другите.

LIFE STYLE: Колку време одзема изработката на едно парче, секако веруваме дека според големината и комплицираноста, но сепак се изработува ли долго или доволно сте навлезени во изработката на оваа техника?

Јасминка Гилевска: Како техника макрамето е прилично тешка и комплицирана,но во исто време ти дозволува бесконечно многу комбинации што резултира да секое изработено парче биде различно и уникатно.Времетраењето на изработката на една идеа зависи од повеќе фактори:видот на чворовите  кои се користат,големината која сакам да ја добијам и најмногу од мојата вдахновеност(она нешто кое се чуствува, а не може да се објасни).Поедноставните модели на огрлици одземаат5-6 часа,но по секое изработено парче ми треба одмор од еден до два дена бидејки при работата се оштетува кожата на прстите.

LIFE STYLE: Зошто макраме? Од каде учевте?

Јасминка Гилевска: Јас сум човек кој сака да учи нови работи.Од мала знам да плетам и изработувам капи,а комбинирам плетење и макраме при изработка на ташни.На муабет со една моја пријателка ми понуди да ми даде книга со повеке техники.Во книгата беа покажани основните чворови од макраме.Ми стана интересно зошто беше различно од се друго,ги научив  и останатото е историја.

LIFE STYLE: Колку охриѓани сакаат рачна изработка?

Јасминка Гилевска: Не можам да речам дека има преголем интерес.Мислам дека кај нас не се цени доволно рачната работе.Моите клиенти главно се странци.

LIFE STYLE: Со оглед на тоа дека секое парче е уникатно, верувам дека и цената е поскапа? Пристапни се цените за нашиот стандард?

Јасминка Гилевска: Логично така треба да биде,но со оглед на нашиот стандард не може да се постигне вистинската цена.Ракотворбите се малку поскапи ,но ако се земе во предвид дека купуваш уникат тогаш тоа е занемарливо.

LIFE STYLE: Може ли да се живее од рачни ракотворби?

Јасминка Гилевска: Во овие услови не,но кога градот би се погрижил да ни додели локација на која ке се продаваат исклучиво ракотворби,со типизирани тезги и да работиме од мај до октомври  тогаш би било возможно.Мислам дека општината треба да го реши ова прашање зато што  во морето од бисери ние би дале уникатност и уметнички шмек на градот.

LIFE STYLE:  На крајот ако може и малку приватно да ни се претставите.. Која е Јасмина, како се промовира?

Јасминка Гилевска:Јас сум натурализирана Охриѓанка,потекнувам од истокот.Мојата работа е и моја љубов.Производите ги промовирам на саеми за ракотворби низ Македонија и на мојата фејсбук страна Jasmines macrame,a се надевам ова лето општината ќе ни додели наше катче,па туристите ќе можат да уживаат во нашите изработки.

За крај,на вашите читатели им посакувам здравјето и к”сметот да им бидат сопатници во годината пред нив,останатото само ке си дојде.Вам ви благодарам за просторот кој ми го отстапивте и се разбира имајте успешна година.

фото: Јасминка Гилевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *