Секој заслужува да биде среќен – Тажните времиња се тешки, но тие не траат засекогаш

Секој заслужува да биде среќен. За да бидеме способни да дадеме љубов и почит, најпрво треба тоа да го чувствуваме кон самите себе. Кога ќе ја спознаеме сопствената вредност и кога ќе сфатиме што заслужуваме, ќе бидеме подобри личности полни со емпатија и љубов кон другите. Уверете се себеси дека знаете што заслужувате.

Секоја личност на овој свет заслужува да биде сакана. Секој од нас заслужува да биде со личност која го почитува и сака и прави да се чувствува како да е на врвот на светот. Таа личност е онаа која прави напор, која ве одбира секој ден и која е подготвена да направи се на светот за вашата среќа.

Никој на овој свет не заслужува болка и каење. Ниту пак ист живот како неговите родители. Ако сте тажни и нерасположени и мислите дека сте заслужиле некаква лоша и тажна судбина, не очајувајте. Тажните времиња се тешки, но тие не траат засекогаш. Кренете ја главата горе, соочете се со нештата кои ви ги дава животот и дајте си храброст и поддршка да се изборите со нив.

Секој заслужувате сопствен простор. Понекогаш, треба да си дадете одмор, да се тргнете од се и едноставно да дишите длабоко. Запомнете, тоа не е себичност, тоа е многу здрава навика.

Не смеете да си дозволите да ве плаши промената, само затоа што сте навикнати на нешто, или затоа што луѓето го очекуваат тоа од вас. Во случај да сакате да си заминете, следете го срцето. Следете ги своите инстинкти.

Вашиот дом треба да биде вашето безбедно катче, светилиште, место каде што секогаш можете да се вратите. Запомнете, вие не сте ничија непријатност или товар.

Фото: independent.co.uk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *