Внуката на Леди Ди ќе се мажи за милионер, постар 32 години

Леди Кети Спенсер, внуката на покојната британска принцеза Дајан, е во врска со 61- годишниот тајкун Мајк Луис.

Тие врската ја криеле подолго, но медиумите откриваат дека наскоро Спенсер ќе му го каже судбоносното „да“. Мајкл ја запросил пред празниците, а таа вест се прошири со брзина на светлината.

Датумот на венчавката на внуката на покојната принцеза Дајана со контроверзниот тајкун кој е постар и од нејзиниот татко, грофот Џарлс Спенсер, сè уште не е познат.

Мајк Луис е роден во Јужна Африка и се проценува дека “тежи“ повеќе од 80 милиони фунти.

фото:Access

фото: Flipboard

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *