(ВИДЕО) Славниот рокер Род Стјуарт и неговиот син Шон, истепале обезбедување на Нова Година

Британскиот пејач Род Стјуарт и неговиот син Шон, биле уапсени за Нова година во Палм Бич на Флорида заради тепачка. 

Во полицискиот извештај се вели дека расправијата се случила откако пејачот и неговите придружници, вклучувајќи го и неговиот син Шон, не успеале да добијат пристап до приватна забава на новогодишната ноќ.

Шон наводно го турнал чуварот и Род го удрил со бокс, се вели во извештајот.

Во извештајот се тврди дека Шон Стјуарт (39) го повлекол Диксон наназад, пред славниот пејач Род Стјуарт  да зачекори кон чуварот и да го удри во левиот образ.

Род (74) се извини за инцидентот, се вели во извештајот на полицијата.

И татко и син се обвинети и треба да се појават во кривичниот суд во округот Палм Бич на 5 февруари.

фото: Wustoo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *