(Видео) Отишле да рибарат па 30 автомобили им пропаднаа низ мраз во Русија

Триесет автомобили кои им припаѓаат на локалните рибари делумно пропаднале низ мразот на островот Руски во Владивосток, но никој не е повреден, тврди портпаролот на Министерството за вонредни состојби на крајбрежниот регион.

Како што соопшти портпаролот на Министерството за вонредни ситуации на Приморски крај, никој не е повреден во инцидентот.

„Околу 30 автомобили делумно пропаднаа низ мразот – дел oд нив до покривот, други до хаубата, а дел само со тркалата. Некои рибари веќе успеаa самите да ги извлечат своите возила, а на други им помагаат спасувачи кои со кабли ги влечат автомобилите“, вели соговорник за агенцијата.

фото: Восток Медиа


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *