Кембел, Хенкс, Бејл, Анистон – дел од славните кои Божик го слават на 7 ми јануари

Најголемиот дел од светските ѕвезди се католици и го слават Божик според грегоријанскиот календар на 25 декември. Но има познати лица кои Божик го слават на 7 ми јануари. Еве некои од нив:

фото: kozaczek.pl

Манекенката Наоми Кембел има потекло од Јамајка. Но, за време на врската со милионерот Владислам Доронин ја прими православната вера и стана верник на Руската православна црква.

фото: Too Fab

Актерот Том Хенкс пак православната вера ја презеде од сопругата која е Бугарка. Тој дури и вели дека се пронашол во православието и смета дека тоа е негово духовно наследство.

фото: IMDb

Популарниот холивудски актер Кристијан Бејл, познат по низа големи и впечатливи улоги, прешол на православна вера поради својата сопруга Сандра Блажиќ, со која е во брак речиси 20 години.

фото: Guinness World Records

Меѓу православните холивудски ѕвезди е и актерката Џенифер Анистон. Таа православната вера ја „наследила“ од нејзиниот татко Јанис Анасакис, кој е роден на грчкиот остров Крит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *