(ВИДЕО)Прајадени сте, се чувствувате изнемоштено – Што е „Аутофагија“, дали сте подготвени овој начин на исхрана да го преименувате вие?

Мора да признаеме дека за време на празниците претеруваме со оброци и мрска храна. Организмот го „полниме“ со калории, алкохол, кофеин и вдишуваме свој или туѓ чад од цигари, а освен тоа ги намалуваме и физичките активности. Сето ова почнува со славите од крајот на ноември и трае се до празникот „Богојавление – Водици“. Но, по празниците најчесто прашање кое си го поставуваме е Што сега?

Поради сите овие нездрави навики и консумирањето нездрава храна, доаѓа до натрупување на мрсни наслаги и зголемување на бројот на слободни радикали во нашиот организам.

Според нутриционистите, за детоксикација на организмот е најважна зелената боја – зелен зеленчук и зелена глина, кои се одлични чистачи на штетните материи.

Според познавачите на здравиот начин на исхрана, за да го вратите телото во топ-форма по празниците, треба да пиете до два литра вода или други течности (чај од кантарион, нане, зелен чај, цеден сок од лимон и портокал, со ѓумбир, кој е одличен за чистење на организмот).

Прв совет покрај внесот на вода и чаеви е а  пијете млеко или јогурт за да ги разблажите или уништите внесените нездрави состојки.

Спиење

По празниците, обидете се порано да си легнувате, а понекогаш и попладне да дремнете, бидејќи сонот е едно од најдобрите средства за намалување на стресот и закрепнување на организмот.

Предлог-мени за чистење на организмот

Утринските оброци мора да бидат лесни и без маснотии, путер, павлака и млеко. Здрав појадок подразбира овошје, житарки, мед и интегрален леб.

За ручек можете да си сварите компир, но во лушпа, бидејќи таа содржи најмногу витамини. Може да се додаде и некој друг зеленчук, со малку сол, но без масло. Кога можете, зеленчукот јадете го суров. Зеленчукот, особено зелениот, содржи магнезиум, кој му е неопходен на организмот. Тука спаѓаат спанаќот, кељот, копривата, блитвата. И рибата доаѓа предвид, но варена или печена.

Доколку можете, прескокнете ја вечерата или направете си витамински густ сок, со многу малку калории.

Ви нудиме и едно видо во кое се објаснува „Аутофагија“, нешто што се однесува на нашето тело, здравје и дух, а медиумите премолчуваат, затоа што не им одговара на некои моќници. Погледнете што е „Аутофагија“ и дали сте подготвени да се храните на овој начин.

фото: Transformacija Svijesti

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *