(ВИДЕО) Децата и нивните крзнени пријатели – нераскинлива врска

Кучето најдобар пријател на човекот. А кога станува збор за децата со сигурност може да се каже дека доколку имате куче вашето дете никогаш нема да биде само.

Секое семејство во кое детето израснало во друштво на куче ќе ви потврди дека не постои ниедно пријателство како тоа на малите деца и нивните крзнени пријатели.

Улогата која сосема природно ја заземаат кучињата како главни заштитници на децата, ги учи децата што значи да се има покрај себе некој на кој може безрезервно да му се верува, некој кој ќе сочувствува со нивните проблеми, но и некој за кој тие се одговорни и мора да ги исполнат своите обврски кон него.

Психолозите се едногласни дека играта со кучето ја намалува хиперактивноста кај децата

Кучињата можат да помагаат во ослободувањето на анскиозноста кај децата и да ги смират хиперактивните деца.

– Самото присуство на кучето го зголемува кај детето лачењето на окситоцин, хормонот на љубовта и среќата, па на тој начин се намалуваат стресот и тензијата од секојдневниот живот. Оваа врска куче-дете е и емоционално силно поврзана, изградена на чувство на доверба, чиста и безрезервна љубов и во таква форма го насочува детето да се чувствува сакано и му помага во иднина да дава таква љубов кон другите. Придонесува и за намалување на анксиозноста и фобиите кај децата. Меѓусебните игри ја намалуваат и хиперактивноста, како и вишокот енергија. На хиперактивните деца тешко им е да почитуваат правила на игра, особено кога се работи за игри со натпреварувачки карактер, па се јавува фрустрација, нервоза, понекогаш и агресија. Ваквото однесување е елиминирано во игрите со куче – вели психологот Елена Мицовски, м-р по детска и училишна психологија.

Зоотерапијата (терапија со животни) покажала голем ефект врз децата со аутизам, а посебно терапијата со кучиња (Канис терапија).

Според  психолозите врската којашто ќе се изгради помеѓу детето со аутизам и кучето е многу стабилна и може да спречи појава на гнев, агресија и неочекувани промени на однесувањето кај детето.

Фото: You tube

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *