Зошто целиот живот правам добрини, а луѓето ми возвраќаат со лошо, еве го одговорот на еден мудрец

Мудра прикзна која го дава одговорот на прашањето кое си го поставуваат многумина:

Зошто целиот живот правам добрини, а луѓето ми возвраќаат со лошо?

Една млада расплакана девојка затропала на вратата на еден стар мудрец и му ја раскажала својата приказна.

Со растреперен глас му рекла: „Не знам како ќе продолжам со мојот живот… Целиот мој живот се однесував со луѓето онака како што сакав и тие да се однесуваат со мене. Бев чесна и искрена… им го отворив своето срце на другите, им дозволив да влезат во него… Секогаш кога можев се трудев да правам добрини, никогаш не очекував ништо за возврат, помагав колку што можам. Направив сѐ што можам, а за возврат бев исмејувана и повредувана. Сите ме исмејуваа. Ме повредија, ме скршија, ме навредуваа… Уморна сум… Ве молам кажете ми што да направам?“

Мудрецот трпеливо ја слушал, а потоа рекол:

„Соблечи ја облеката и излези целосно гола на улица.“

Девојката во шок рекла: „Извинете, но Вие или сте луд или се шегувате со мене! Ако го направам тоа, сите ќе ми се смејат и понижуваат…“

Мудрецот одеднаш станал, ја отворил вратата и ставил огледало на масата.

„Се срамиш да излезеш гола на улица, но од некоја причина не ти било срам да ја соголиш својата душа пред светот. Ја држиш отворена, како и оваа врата. Пушташ сѐ да влезе внатре. Твојата душа е огледало, затоа можеш да го видиш својот одраз во другите луѓе. Нивните души се зли и грешни, баш како и грдата слика која ја гледаат кога ја гледаат твојата душа. Немаат храброст, ниту пак сила да признаат дека си подобра од нив и дека тие треба да се променат.“

Девојката го прашала: „Што да правам? Како можам да ја променам таа ситуација во која се наоѓам кога ништо всушност не зависи од мене?“

Мудрецот рекол: „Дојди со мене… имам нешто да ти покажам. Погледни, она е мојата градина. Со години се грижам за овие прекрасни цвеќиња. Да ти кажам искрено, ниту еднаш не сум присуствувал при нивното цветање. Сѐ што гледам се тие чудесни цветови и нивната прекрасна убавина и мирис.“

„Драго дете, учи од природата. Погледни ги овие прекрасни цветови и прави го она што го прават и тие – внимателно отворај го срцето пред луѓето, никој нека не го забележува тоа. Отвори ја душата пред добрите луѓе. Тргни се од оние кои ги кинат твоите ливчиња, кои ги фрлаат на земја и кои газат по нив. Исушената треба не ти е ни до колена, па затоа не се труди да ѝ помогнеш. Сѐ што некогаш ќе видат во тебе е само нивниот одраз.“

фото:Dreamstime.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *