Крал меѓу печурките – неговото височество бел и црн тартуф, го има и во Македонија

Белиот тартуф (Tuber magnatum) и црниот тартуф (Tuber melanosporum) спаѓаат во родот печурки Tuber (грутка, израсток). Белиот тартуф е повеќе ценет за разлика од црниот и може да достигне цена од 750 евра по килограм, додека за големи и ретки примероци, износот може да биде поголем и повеќе пати. И кај оваа печурка важи правилото колку посвеж, толку подобар и поскап.

Тартуфите растат во симбиоза со корењата на одредени видови на дрвја. Ги карактеризира интензивна арома којашто најдобро може да се опише како комбинација од старо сирење и кромид, а која одлично се комбинира со тестенини, рижото, јајца, пармезан, но и јадења со месо.

Со оглед на тоа дека се работи за печурки коишто растат 10 до 30 сантиметри под земјата, не е лесно да се пронајдат, па токму затоа се исклучително барани. Длабоко под земја, може да го откријат само дресирани кучиња или дресирана свиња.

Тартуфите се познати од времето на старите Египќани, Римјани и Грци, но повторно е откриен дури во 19 век!

Постојат околу 70 видa тартуфи. Сепак, најпознати се црниот тартуф што може да се најде во француската област Перегори и белиот голем тартуф што го има во италијанската област Пиамонте. Овој вид печурки може да се најде и во Хрватска, на Истра, скриени во глинестата и тешка земја на Мотовунската шума.

Цената на оваа печерку достигнува и до 1.000 долари за килограм.

Иако скап, може да си го дозволиме тартуфот во мало количество. Но за почеток мора да се знае основното правило. Површината на тартуфот мора да биде беспрекорно чиста бидејќи тој се употребува неисчистен. Затоа прво се отстрануваат остатоците од земја што се наоѓаат на површината на тартуфот, а потоа со помош на четкичка се исплакнува внимателно под ладна вода. Откако ќе се избрише со нежна кујнска хартија, може да се тргне во кулинарска авантура.

Тартуфите се нудат во луксузните ресторани.

фото: S.Z. Tartufi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *