Музејот ,,Мадам Тисо“ ги отстрани восочните фигури на Хари и Меган од кралското семејство

Познатиот лондонски музеј за восочни фигури ,,Мадам Тисо“, ги отстрани восочните фигури на принцот Хари и Меган Меркл од делот каде стојат фигурите на членовите на кралското семејство. Овој чин доаѓа откако парот неодамна објави дека се повлекуваат од кралските должности.

Сега, восочните фигури на Меган и Хари ќе бидат сместени во посебен дел, а не заедно со фигурите на кралицата Елизабета, принцовите Филип и Чарлс, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

фото: Harper’s Bazaar

По примерот на Брегзит, повлекувањето на Меган и Хари од кралските должности, медиумите го нарекоа Мегзит.

фото: Harper’s Bazaar

Фото: The Mirror

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *