Празници, оф колку боли што некои драги личности повеќе ги нема

Празници, семејни ручеци и вечери. Нова Година, Бадник,Божик, Василица … празници кои носат радост и денови кога целото семејство се собира на иста маса. Но, столче понекогаш останува празно. Скоро сите имаме по некој кој што на овие денови најмногу ни недостасува. Ни недостасуваат мудрите мисли, совети љубов…

Учиме да живееме без нив, да се потсетуваме од време на време на нив, да се сеќаваме на убавите денови поминати заедно. Но, кога ќе дојдат празниците, нивното отсуство е најмногу боли.  Недостасуваат премногу.

Советот од блиските секогаш е: Немој да си тажен – Тие не го сакаат тоа. Тие сакаат да си среќен/ среќна. Но, може ли… Боли, навистина боли нивното заминување.  Попусто велат времето лекува се, кога сме свесни дека колку подолго ги нема, нивното присуство повеќе фали.

Затоа во овие празнични денови, да ги споменеме, да се потсетиме на убавите моменти со нив и значењето кое го имаа и се уште го имаат во нашите животи и по нивната смрт. Животот продолжува, но споменот за нив засекогаш ќе остане со нас. Мора да признаеме, намногу фалат во овие празнични денови. Трпезата никогаш повеќе нема да биде иста.

фото: John Pavlovitz

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *