Голем успех на хрватските лекари, прооде неподвижно дете

Неврохируршкиот тим во Клиничката болница во Загреб постигна голем успех. На десетггодишно момче од Далмација, кое станало неподвижно поради ретка болест, му е вграден длабок стимулатор на мозокот. Само три месеци по операцијата, момчето е на нозе, пренесува ХРТ.

По пет години трагање, родителите на момчето, конечно, ја дознале дијагнозата.

Ретката болест дистонија е состојба во која мозокот нема никаква контрола врз мускулната активност и била причина за сите проблеми на нивниот син. Тие побарале спас од професорот Чуди во КБ во Дубрава. Нивниот син бил опериран пред три месеци, а резултатите, велат тие, се неверојатни. Момчето зборува сè поразбирливо. Тој седи сам, ги контролира движењата и оди.

Проф. д-р Дарко Чуди, шеф на Одделот за неврохирургија при КБ Дубрава, изјави дека очекува момчето да се осамостои и да има животни шанси како и сите други момчиња.

извор: Makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *