Магичен чувар на здравјето – ловоров лист, дали знаете за што се помага?

Магичниот чувар на здравјето, ловорот, се користи како зачин уште многу одамна. Ловорот го забавува  старењето, смирува, поамага во борба против бактерии, лекува дишни патишта … Но, ловоровиот лист не се користи само како зачин. Ловорот го стимулира варењето на храната, го подобрава апетитот, добар е за искашлување и има антиреуматско и антисептично делување.

Поради неговото антисептично делување, ловор е одличен против потење на нозете, потребно е само да сварете неколку листови ловор во вода со која покасно се мијат нозете. Ова можат да го користат и луѓе кои имаат проблеми со потењето на рацете. Во некои земји водата во која се имаат варено листовите на ловор или етерското масло од ова билка се користи за кожни болести па дури и како народен лек за псоријаза.

Експерти велат дека ловоровиот лист е билка која го забавува стареењето, го поправа расположението, го чисти телото, решава респираторни проблеми и слично. Ловоровиот лист е полн со витамини и минерали. Најмногу има витамин А и витамин Ц, а од минералите најмногу има железо, манган, калциум, калиум и магнезиум. Мирисот на ловоровиот лист има инсектицидни особини, тој ги одалечува бубачките и затоа се користи и како средство против молци.

Оваа билка е одлична за намалување на шеќерот во крвта, но најдобар е во уништувањето на инфективните жаришта. Затоа ловоровиот лист се смета за растение кое го штити организмот од инфекции. Ловоровиот лист е одличен против мигрена, тоа е едно од ретките растенија кои имаат силно анелгетско дејство.

Фото:lijekizprirode.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *