Што е „хеликобактер пилори“ и како се лекува?

Речиси секој втор човек има некакви тегоби со желудникот. Некои се жалат на често подждригнување, други дека ги измачуваат киселини, трети дека имаат болка, печење или жарење во пределот на желудникот, некои, пак, велат дека имаат чувство на надуеност во стомакот. Сите овие симптоми, според гастроентерохепатолозите, укажуваат на воспаление на слузокожата на желудникот, кое може да биде акутно или да премине во хронична форма.

Половина популација во животот добива  инфекција „хеликобактер пилори“. Хеликобактер пилори е грам негативна стапчеста бактерија,откриена во 1982година од двајца Австралиски научници,за кое откритие добиле Нобелова награда во 2005година

Хеликобактер пилори живее во слузницата на желудникот кај човекот,од животните е пронајден уште кај мачките.Оваа бактерија може да предизвика разни воспаленија како што се  воспаленија на желудникот и дванаестопалачното црево,чир на желудникот и дванаестопалачното црево,лимфом и рак.

Болеста мора да се лекува навреме. Но, сите позитивни (хеликобактер пилори)пациенти не се лекуваат. Оваа бактерија е доста отпорна на примена на стандардната антибиотска терапија, бидејќи самите антибиотици не се доволни за успешно лекување. Неопходна е истовремена примена на лековите кои спречуваат секреција на киселината во желудникот и комбинација на два антибиотици во одреден временски период.

Денешните ставови се  третман од 7-14дена со тројна терапија. Доколку ја добиете оваа бактерија задолжително да се консултирате со доктор, но ви нудиме и домашна терапија која многу ќе ви помогне.

Како може да се ослободите од подуеноста?

Овој напиток е особено корисен за ослободување на стомачната подуеност и истовремено зголемување на нивото на енергија.

Потребни состојки:

1 лимон

1 краставица

1 лажица рендан ѓумбир

1 лажица сок од алое вера

1 китка магдонос

½ чаша вода

Постапка: Подготовката е сосема едноставна. Измешајте ги сите состојки во процесор и испијте го добиениот напиток.

Овој пијалак е исклучително корисен за намалување на мастите кои се таложат на стомакот, па ќе се почувствувате подобро уште при првите неколку голтки.

фото:progastrofortaleza.com.br

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *