Били Ајлиш ќе ја пее насловната нумера за новиот Џејмс Бонд !

Песната за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд „Нема време за умирање“, (No time to die) ќе ја пее американскара поп пејачка Били Ајлиш.

„Били Ајлиш ја компонираше песната со својот брат Финес и ќе стане најмладиот музичар во историјата, што ја снимила насловната нумера за филмот за Џејмс Бонд“, се наведува во коментарот на официјалната страница на франшизата.

Ајлиш оваа информација ја објави на својот профил на Instagram со логото на 007.

фото: Centar za marginu

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *