(ВИДЕО) Во Дубаи се гради највисокиот хотел во светот

Хотелот „Гевор“ во Дубаи, висок 356 метри, во 2018 година е ставен во Гинисовата книга на рекорди како највисок хотел на светот, затоа што се гради Сиел тауер, која ќе биде висока 360 метри и ќе има 1.042 соби и апартмани, распоредени на 82 ката.

За дизајнот на кулата, која се гради во богата крајбрежна населба во Дубаи, одговорно е бирото за архитектура ХОПП, кое се потпишува на можеби најпрепознатливиот хотел во Дубаи, познатиот „Атлантис“.

Висококатницата ќе има стаклена набљудувачка платформа која ќе пружа поглед на градот од сите страни.

Новиот хотел ќе има луксузен велнес-центар, деловни простории и низа наградувани ресторани, кои ќе бидат претставени следните месеци.

Изградбата почнала во 2016 година.

фото: CNN.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *