Животни совети од човек кој доживеал 104 години – постот е најголема милост, ништо не ме зајакнува и подмладува како постот

Ова се неколку совети од Русинот кој доживеал длабока старост. Тој говори за своите животни навики.

1.Научете во се‘ да гледате живот и во се‘ да уживате: Во тревата, во дрвата, птиците, животните, земјата, небото. Гледајте ги љубезно и со полно срце, а тие ќе ви возвратат. Ова знаење нема да го пронајдете во книгите.

2.Одвојте некое време за да стоите боси на земја. Давајте го своето тело на земјата за да не го повика таа самата.

3.Секоја можност користете ја за да бидете покрај вода. Ќе ве ослободи од уморот и ќе ви ги прочисти мислите.

4.Пијте чиста вода колку што е можно повеќе, не чекајте да ожедните. Водата е најдобриот лек. Не пијте слатка и минерална вода од шише. Првата ќе ви го упропасти црниот дроб, а втората ќе ви ги затне крвните садови.

5.Секој ден на трпезата треба да имате зеленчук. На прво место цвекло, нема подобра храна на земјата. Потоа грав, тиква, бобинки, морков, домати, пиперки, спанаќ, зелена салата, јаболка, грозје, сливи.

6.Ако сакате може да јадете месо. Но ретко.

7.Колбаси, пржен компир, колачи и храна во конзерви е лоша храна. Јас јадам житарици, грав и зеленчук. Предаторите јадат месо, но тие се мрзливи, а коњите јадат житарици и активни се цел ден.

8.За да јадам помалку, пијам многу вода и јадам компот, јадам проста храна и свеж зеленчук. Од четврток навечер до петок навечер не јадам ништо, само пијам вода.

9.Постот е најголема милост. Ништо не ме зајакнува и подмладува како постот. После секој голем пост јас сум за неколку години помлад.

10.Сонцето изгрева и заоѓа за вас. Работата треба да престане кога ќе зајде сонцето. Кога ќе се навикнете на овој ритам, телото и умото ќе ви станат посилни. Мозокот подобро ќе се одмори и ќе се разбистри за сон. Вака прават калуѓерите и војниците и затоа имаат сила за да служат.

11.Треба да отспиете половина час во текот на денот за да се освежи крвта во вашата глава. Не си легнувајте веднаш после јадење, зошто тогаш салото се таложи во крвните садови.

12.Помалку седете, но спијте доволно.

13.Обидете се повеќе време да престојувате на отворен простор. Научете да живеете во ладна просторија. Доволно е стапалата и рацете да ви бидат загреани, но главата ладна. Телото старее и пропаѓа од многу топлина.

14.Зајакнете го телото со билки. Измешајте шака лековите билки и бобинки и прелијте со зовриена вода, па тоа пијте го цел ден. Зимно време ќе ги увидите сите благодети од ова.

15.Не ги заборавајте јаткастите плодови. Оревите изгледаат како нашиот мозок, тие се моќни за мозокот.

16.Со луѓето бидете љубезни и внимателни. Од секој од нив, па макар и површно, може да научите нешто. Од луѓето не правете ниту пријатели ниту непријатели. На тој начин никогаш нема да во прават проблеми.

17.Она што ви е судено ќе го добиете кога тогаш, само треба трпеливо да чекате. Не ја оптеретувајте душата со тоа.

18.Не верувајте во предрасуди, астролози и прорекување на судбина. Срцето и телото нека ви останат чисти.

19.Кога се чувствувате лошо, треба многу да шетате. Преку ливади, шуми, покрај река. Водата ќе ја однесе вашата тага. Важно е да запамтите: Најдобриот лек за тело и душа се: пост, молитва и физичка работа.

20.Движете се повеќе. На камен кој се тркала не расте мов. Несреќите не‘ држат неподвижни. Не бегајте од нив и не дозволувајте да доминираат над вас. Никогаш не се плашете да научите и да направите нешто ново.

Извор: nmd.mk

фото: Cestarelaxace

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *