(ВИДЕО) Органски погребни капсули, телата од починатите ги претвораат во дрвја

Погреб, морбидно, тажно…. Гробишта, места каде мора да ги оставите најмилите, во земја прекиени со студен мермер. Погребот е неизбежен откао човек ќе почине. факт е дека сите ќе заминеме некогаш и некаде… Многу често дилемата а дали телата да се положат во традициналните ковчези, или да се кремираат па урната повторно да се положи во земја.

Компанијата „Капсула мунди“ експериментира со уникатен метод на закопување кој ефективно го претвора починатиот во дрво.Идејата е прилично едноставна и процесот во суштина е како животен циклус на дрво. Починатиот се става во специјална капсула во форма на јајце, која има улога на семе. Потоа капсулата се закопува во земја со дрво на врвот. Благодарение на тоа што е направена од биоразградлива пластика, капсулата е 100 отсто биоразградлива и сама ќе се распадне во земјата. Телото внатре исто така ќе почне да се распаѓа и ќе се трансформира во хранливи материи кои ќе бидат апсорбирани од корените на дрвото, објави Факултети.мк.

Овој начин ќе овозможи саканите луѓе да живеат засекогаш како дел од дрво. Исто така, на овој начин местата каде што се закопуваат починатите ќе станат многу поживи. Наместо да има надгробни плочи, тоа може да бидат меморијални шуми каде што пријателите и роднините можат да одат и „да поминуваат време“ со оние што ги загубиле.

Во капсулата телата треба да бидат ставени пред или по мртовечката вкоченост (rigor mortis), која трае одреден период, бидејќи во спротивно се намалува флексибилноста.

Откако телото ќе се стави во капсулата во фетална позиција, над капсулата се засадува семе или дрво. „Капсула мунди“ нуди и биоразградливи урни, кои функционираат слично, само со пепелта од кремираните лица.

фото: Fashion Forward Trends

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *