(ВИДЕО) Принцот Хари си ја отвори душата: „Немавме друга опција освен да се повлечеме“

Британскиот принц Хари на еден хуманитарен настан, што се одржа вчера во Лондон изјави дека длабоко жали поради фактот што неговата одлука, тој и сопругата Меган Маркл да се одделат од кралството, довела до такви последици. Тој кажа дека е тажен поради одлуката да се повлече од кралските должности и овој чекор го нарече „скок во неизвесноста“.

„Ние се надевавме дека ќе продолжиме да им служиме на кралицата, Комонвелтот и на моите воени здруженија без јавно финансирање. За жал, тоа не беше можно“.

Тој рече дека не ја донел одлуката лесно, но дека немало „друга опција“. Говорејќи „не како принц или војвода, туку како Хари“, тој рече дека со Меган ги нашол „љубовта и среќата на кои се надевав целиот мој живот“.

„Знам дека доволно добро ме запознавте во текот на сите овие години за да верувате дека жената што ја избрав за сопруга ги цени истите вредности како и јас. И таа ги цени“, рече тој.

Навидум префрлајќи ја вината на медиумите, тој рече дека тие се „моќна сила“ и додаде дека Велика Британија е неговиот дом „и место што го сакам“.

Изразувајќи благодарност до кралицата и до другите членови на семејството за нивната поддршка, тој рече: „Јас и понатаму ќе бидам истиот човек кому му е драга неговата земја и својот живот му го посветува на поддржувањето на каузите, добротворните организации и воените заедници, кои ми се многу важни.“

фото и видео: The Guardian

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *