По 23 години пронајдено делото на Густав Климт, случјно го пронашле градинари

Експертите за уметност потврдиле дека сликата која минатиот месец била откриена во ѕидот на галеријата на модерната уметност во Пјаченица, во Италија, „Портретот на една дама“, е на австрискиот сликар Густав Климт, која беше украдена пред 23 години.

“Со голема возбуда можам да потврдам дека пронајдената слика е оригиналот”, рекла адвокатката надлежна за истрагата, Орнела Чика. 

Музејот во Пјаченца бил затворен во февруари 1997 година поради градежни работи и во тоа време билo украденo делото “Портрет на една дама”.

На 10-ти декември, градинарите случајно ја пронашле сликата додека го чистеле надворешниот ѕид на музејот. Чистејќи го бршленот на ѕидот, наишле на вентилационен отвор во кој имало нешто завиткано во црна кеса за ѓубре. Во ќесата била сликата без рамка.

Густав Климт (1862-1918) бил австриски симболистички сликар и еден од основачите на Виенската сецесија.

фото: ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *