Што се случува со нас кога постојано слушаме кога некој се жали?

Нашата способност да сочувствуваме со другите се смета за позитивна особина, но исто така многу е важно оваа наша способност паметно да ја користиме. Ако после разговор со други лица се чувствувате исцрпено, мора да се замислите дали треба да го промените својот став.

Животот носи многу проблеми. Семејството и пријателите исто така ги имаат, па често сме во ситуација да слушаме како се жалат на некого или на нешто.

Ова од една страна е природно, затоа што луѓето со тоа сакаат да се ослободат од напнатоста и често им станува полесно кога ќе се „издуваат“. Од друга страна, кога непрекинато слушаме туѓи жалби нас ни штети и ни ја одзема енергијата.

Некои луѓе зборуваат за своите проблеми, со цел да добијат поддршка и совети, а други за да ја пренесат својата негативност на другите луѓе. Треба да научите да ги разликувате.

Овие вторите може да ме неречат егоисти, доколку одбиете да ги слушате. Можеби ќе се обидат да ви создадат чувство на вина или нешто друго, исто така непријатно чувство. Тоа не е страшно. Вие ќе добиете вибрации на енергија и чувство на самопоштување, по одбивањето на „токсична“ комуникација.

Зошто не треба да слушаме жалења…

Затоа што оние кои постојано се жалат не прави ништо за да си промени во животот. Тој едноставно прифатил да живее улога на навреден. Тоа е неговиот психолошки тип, таков е неговиот поглед на светот.

Можете да го слушате, но како да му помогнете? Никако. Него не му се потребна помош, тој само сака да зборува. А разговор без цел, нема никаква смисла. Жалајќи се тој подсвесно, а некогаш и свесно од себе го симнува чувството за својот неуспех. На овие луѓе треба им треба стручна помош, која може да влијае на нивните размислувања.

Негативните чувства кај човекот ги вршат неговите сопствени лоши мисли.

Никогаш нема да ги решите проблемите на оној кој постојано се жали, затоа што тој всушност нема намера да ги реши. Никако нема да ја смирите неговата душа со сочуствување, затоа што тоа во суштина не му е потребно. Се што сака е да ја тргне од себе одговорноста за својата судбина – го бара невозможното.   

Што се случува со нас кога постојано слушаме кога некој се жали…

Ние си ја уништуваме сопствената енергија. Сакајќи да помонеме, ние си се уништуваме, се исцрпуваме.

Први знаци на исцрпеност…

1.Емоционална нерамнотежа

2. Тешкотии во решавањето на сопствени проблеми

3. Проблеми со концентрација

4. Појава на негативни мисли

Како да ги избегнеме оние кои постајано се жалат?

1. Направете и задржете дистанца

2.Објаснете му дека никого не треба да го криви за тоа што му се случува, освен самиот себе

3. Не покажувајте слабост

4. Поставете граници

Извор: uspesnazena

фото: Depositphotos

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *