На смртната постела султанот Сулејман имал три желби – сите занемеле кога ги слушнале!

Величествениот Султан Сулејман бил многу образован владетел. Тој зборувал четири јазици: арапски, персиски, српски и чагатајски (стар вид на турски јазик). На власт дошол кога имал 26 години, а владеел 46 години.

Пред смртта султанот ги повикал најблиските соработницу и им ги издиктирал неговите последни желби.  

Првата желба му била неговите доктори да го носат сандакот со неговото безживотно тело за време на погребот.

 Втората желба му била златниците и драгите камења да ги фрлаат зад поворката по стазата по која одат.

Третата желба му била од сандакот да му висат рацете и сите да можат да ги видат.

 Кога ги слушнале желбите главниот командир на војската го запрашал дали може да ги објасни желбите.

Султанот по ова ги образложил:

Најдобрите лекари да го носат моето безживотно тело, за сите да видат дека ни тие не се толку моќни пред смртта.

Фрлајте го целото мое богатство за кое се борев цел живот, за сите да видат дека се што  сме стекнале на овој свет, останува овде, неможеме да го земеме со нас.

 А моите раце да се гледаат од сандакот, за сите да видат дека на другиот свет се оди со празни раце.

фото: Точка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *