Најскапото вино на светот (40 илјади долари),за една лажица вино треба 1 килограм грозје „нападнато“ од посебен вид мувла

Познато е дека добри вина доаѓаат со висока цена, но 40.000 долари за шише звучи малку претерано. Сепак, унгарската винарија „Ројал Токаји“ вели дека нејзината ограничена серија на вино „есенција 2008“ вреди секој цент. Произведени се само дваесет 1,5-литарски шишиња од ова вино, дизајнирани од уметникот Џејмс Каркас, од кои 18 беа пуштени во продажба лани.

Кога беше лансирано, „есенција 2008“ беше опишано како „најскапо вино на светот“ и иако ова е дискутабилно, минатата година навистина не можело да се купи поскапо вино. Секое шише е направено со дување на стакло, без калап, што значи дека не постојат две исти. Досега се продадени 11 шишиња, кои се пакувани во лакирана црна кутија.

„Есенција“ е направено од грозјето од популарниот вински регион Токај, североисточно од Будимпешта.

„‘Есенција‘ е чудо на природата. Потребно е многу труд за да се направи и бара неколку години работа во подрум. Има мал процент на алкохол, но задржува многу, многу од природната сладост. Толку е благо и концентрирано, што се пие од лажица, место од чаша“, вели Орши Сенткирали, енолог од Лондон.

За да се добие една лажица од ова вино, кое содржи само 3% алкохол, потребни се еден килограм грозје од сортата асу, „нападнато“ од посебен вид мувла.

Токајските вина важеле за најскапи на светот и во почетокот на 20. век. Тие се споменуваат и во книгата „Дракула“ на Брем Стокер.

Фото: CNN.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *