(ВИДЕО) Астронаути за прв пат испекоа колачиња во вселената

Астронаути од Меѓународната вселенска станица испекоа чоколадни колачиња, во прв таков експеримент во вселената досега.

Тој успешно беше спроведен од астронаутите Кристина Кох и Лука Пармитано, кои притоа користеле специјална рерна за нулта гравитација. Три од колачињата биле донесени на Земјата со вселенското летало „Спејс Екс драгон“ на 7 јануари.

Целта на експериментот беше да ги истражи опциите за готвење на долги патувања. Засега никој не знае каков вкус имаат колачињата.

„Тие ќе бидат дополнително тестирани од професионалци за да се утврди дали се безбедни за јадење“, изјави портпаролот на компанијата „Double Tree“, која ги обезбедила состојките.

Експериментот траел неколку дена и најуспешни од петте подготвени колачиња биле двата кои се печеле околу 120 минути. На Земја, за тоа би биле потребни само 20 минути.

фото: Evening Standard

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *