Наташа Беквалац, поради труење итно хоспитализирана

Српската пејачка Наташа Беквалац била пренесена во болница во Белград, откако ѝ се слошило додека била на проба со својот бенд и се пожалила на силни билки во стомакот. 

„Сите се преплашивме поради Наташа. Не знаевме што и е. Постојано чувствуваше мачнина, имаше нагон на повраќање и се виткаше од болки. Ја одвезовме во болница. Никој не можеше ниту да претпостави дека се отрула со храна. Бевме во шок кога ни соопштија дека мораат да и го испираат желудникот. Сета среќа што се’ бргу се заврши. Потоа беше кусо задржана во болница, прими неколку коктел инфузии, и со надзор, е пуштена дома да мирува. Како за баксуз тоа се случи кога Наташа успеа да земе слободен ден, да тренира и да нема проби. Отидовме заедно до град и земавме брза храна, рекол за медиумите близок пријател на Беквалац.

Инаку, Беквалац на 14 февруари во Белград за прв пат ќе го одржи својот голем солистички концерт на кој работи напорно периодов.

фото: Balkanika

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *