Кинезите ја пречекуваат својата нова година – годината на стаорецот

Кинезите ја пречекуваат својата нова година.

Освен што означува старт на нова декада, 2020 е Година на стаорецот во кинеската астрологија. Стаорецот е прво животно во 12-годишниот кинески хороскоп и познато е дека тие се паметни, прилагодливи, снаодливи и љубопитни, што оваа година ја прави одлична за нови искуства и можности за успех.

Секое животно се поврзува и со петте природни елементи, па 2020 ќе биде година на металниот стаорец, што го прави уште посилен, попосветен и порешителен.

ВРСКИ

„За оние кои се во романтична врска, Годината на стаорецот може да донесе повеќе расправии од обично. Но, не очајувајте, овие конфликти би можеле да бидат позитивни зашто можат да ја зацврстат врската и да донесат вистински промени во неа. Како, брак, на пример“, вели Мастер Чанг од Центарот за метафизика и астрологија од Хонгконг.

ЗДРАВЈЕ

Оваа година ќе биде поенергична за повеќето хороскопски знаци, особено зашто во природата на стаорецот е постојано да се движи и да биде зафатен. Додека бркате нови можности за успех, водете сметка за исхраната и посветете време за квалитетен одмор.

КАРИЕРА

За повеќето хороскопски знаци, 2020 ќе биде година на трансформација и напредување во кариерата, но не без напорна работа. Пристапувајте им на сите проекти со упорност, прецизност и посветеност и преземајте ризик кога е неопходно.

Фото: Hashtag.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *