Паметните телефони се дрога за нашиот мозок – делови од мозокот атрофираат, децата се потешко учат

Поради мобилните телефони повеќе не мораме да ги навиваме нашите будилници пред спиење, токму мобилните телефони не потсетуваат кои им се родендените на нашите пријатели, кога треба да го однесеме на сервис нашиот автомобил, кои ни се плодните денови, всушност мобилните телефони не потсетуваат буквално на се. Последиците од претераното потпирање на мобилните телефони ги истражувала екипата на една Хрватска тв емисија, објави sovremenitehnologii.mk.

Паметните телефони се дрога за нашиот мозок

Паметните телефони на некој начин ни го одземаат паметот и доведуваат до симптоми на една од најстрашните болести на денешница т.е деменција. Додека со прстите вртиме и скроламе низ екранот, се лачи допамин и ендрофин, па нашиот мозок е како под дејство на дрога.

За децата не постои повозбудливо и попримамливо место од екранот на телефонот. Тоа не е мит ниту пак некоја претпоставка. Напротив тоа е научно докажано вели Седмак: “Мозокот е природно привлечен од таквите работи кои брзо се случуваат, брзо се менуваат и во кратко време можат да обезбедат голем број на информации.”

Тим на доктори на чело со Ранко Рајовиќ со помош на апликација ги следеле мобилните телефони на повеќе од 800 деца. “Родителите не знаат дека децата во текот на ноќта, додека тие спијат ги земаат мобилните телефони и во просек два часа поминуваат пред екранот. Наутро тешко стануваат, а родителите не ја знаат причината за тоа. Мораме да разбереме дека ова е како дрога и да бидеме многу внимателни” посочува др. Рајовиќ.

Човештвото когнитивно пропаѓа

Само на денешен ден просечен ученик примил и обработил повеќе информации отколку што просечен човек кој живеел во 15-тиот век примил и обработил во текот на целиот свој живот. Пред дваесетина години на Хардвард спроведено е истражување, чиј резултати се навистина загрижувачки. Утврдено е дека длабоките делови на мозокот кај испитаните тинејџери се атрофични. “Длабоките делови на мозокот се променети. Тие делови се нарекуваат базални ганглии, нешто слично на антени кои мораат да ги примат сите информации, истите да ги обработат и да ги проследат понатаму во мозокот. И доколку тие т.н антени се смалени, нема да има толкав прием на информации, ниту пак ќе има толкав обем на обработка на информациите.  А сето ова претставува намалување на когнитивните способности,” објаснува др. Рајовиќ.

Со години др. Рајовиќ кој е член на МЕНСА се бави со развојот и начинот на кој децата учат. Тој е креатор на НТЦ системот на учење кој се применува во повеќе училишта. Просечен ученик во последнава година може да се опише на следниов начин: “Не може да седи, не може да пишува, не може да чита, нема концентрација и сл. И одеднаш добиваме дете кое не може да учи”. Секоја нова генерација е послаба од претходната, а тоа претходно речиси и никогаш ен се случувало. “Денеска децата во однос на децата пред 40 години, разликуваат 50 проценти помалку нијанси на бои” тврди Рајовиќ.

Можеме да кажеме дека на некој начин целото човештво когнитивно пропаѓа бидејќи претерано се потпираме на нашите мобилни телефони и технологијата. Учиме од екраните, наместо од книги, учиме површно, а информациите се пократко се задржуваат во нашата меморија. Ние се стремиме кон дигитализација во училиштата, а треба да ги земеме за пример државите каде што се применува дигитализација во училиштата, токму тие држави имаат пониски резултати споредбено со периодот пред дигитализацијата на ПИСА тестовите.  Така нa пример Австралија која пред 10 години вложи милијарди во дигитализација, се откажа од истата бидејќи резултатите биле поразувачки.

Текстот е превземен од: sovremenitehnologii.mk

фото: 025.rs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *