“Дизни” Најави римејк на “Бамби”

Филмското студио „Дизни“ ќе прави лајв екшн римејк на анимираниот класик „Бамби“. Според „Дедлајн“, по новите верзии на „Книга на џунглата“ и „Кралот лав“, „Дизни“ планира да ги ангажира авторите кои работеа на „Капетанка Марвел“.

Филмот, кој ќе се базира на оригиналот од 1942, ќе биде продуциран од компанијата „Depth of Field“, a Гевена Робертсон-Дворвет (Капетанка Марвел) и Линдзи Биер ќе го пишуваат сценариото.

„Depth of Field“ исто така работат на римејк на „Пинокио“.

„Кралот лав“ со ѕвездената постава како Бијонсе и Доналд Гловер лани заработи 1.66 милијарди долари на светско ниво, а „Книга на џунглата“ во 2016 966 милиони долари.

„Дизни“ ја најави премиерата на долгоочекуваната лајв екшн верзија на „Мулан“ за на 27 март.

фото: youtube

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *