(ВИДЕО) На Сибир, 600 рибари биле заглавени на санта мраз, ги извлекла руската служба за вондредни ситуации

Во седумчасовната операција на руската служба за вондредни ситуации биле спасени 536 риболовци кои биле заробени на голема санта мраз која се одделила од брегот кај Сахалин на истокот на Сибир.

Некои рибари успале сами да се спасат користејќи помали парчиња мраз како сплавови и на тој начин се обидувале да одвеслаат до брегот, додека големата санта мраз полека се одвојувала од копното. 

Руските власти подолго време ги предупредуваат граѓаните да не одат на мразот затоа што метеоролошките услови не го дозволуваат тоа. Понекогаш таквите „авантури“ завршуваат трагично.

фото: Русская Весна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *