(ВИДЕО) Сакате ли куќа која се гради за 1 ден, а трае 100 години?

Архитектите развија прилагодлива куќа од картони која може да се изгради за само еден ден, а може да трае дури до 100 години.

Куќата е наречена „Wikkelhouse“ од холандскиот збор „wikkel“ што значи обвивка токму поради нејзиниот начин на изработка – 24 слоеви на картони со висок квалитет се завиткуваат и се лепат околу калап во облик на куќа и потоа се обвиткуваат со водоотпорен слој и дрвени панели. Внатрешноста и надворешноста се прилагодливи, со тоа што може да се додаваат структури по желба, од што зависи и цената.

фото: Stayokay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *