Македонка на 51 година стана сурогат мајка, за својата ќерка роди близнаци

Највозрасната сурогат мајка во земјава, на 51 година на свет донесе близнаци за својата ќерка, на која и била извадена матката на само 16 годишна возраст, објави Слободенпечат.мк.

-Мајката, веќе три години беше во менопауза. Неа, тимот на болница „Плодност“ најпрво и го врати месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез. Мајката лесно ја поднесе бременоста и носењето на близначињата- наведуваат од болницата.

фото: Twins Research Australia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *