Викендов февруарска полна или снежна месечина, еве што значи тоа …

Викендов на небото имаме супермесечина. Најголема видливост  ќе има вечерва . Месечината ја добила придавката снежна по месецот февруари, за кој се смета дека е месец со најмногу снег во годината.  Астролозите сметаат дека би требало да се обрне внимание и на можните неверства. Но, снежната месечина може да ни го осветли патот и да ни го олесни донесувањето одлуки, при што ќе не’ ослободи од некои илузии, без разлика дали станува збор за љубовни или работни.

Влијанието на овој период најмногу ќе го почувствуваат луѓето родени во знакот Девица, Риби, Стрелец и Близнаци, како и оние чиј подзнакот е или во месечина или во некој од овие знаци.

Што астролошки ни носи „снежната“ месечина

Астролошкото значење го објаснил Ричард Ноле во 1979 година. Астролозите веруваат дека овој природен феномен е одлична прилика да го оставиме зад себе непотребниот товар, бидејќи влијанието на снежната месечина ќе ни помогне да донесеме правилни одлуки.

Во оваа смисла, полната месечина ја симболизира душата. Се смета дека ја пренесува енергијата до Земјата, што на својот пат ја „впила“ од Сонцето. Месечината ни дава чувство на присутност на енергијата, со оглед на тоа што Сонцето и Месечината заедно управуваат со мените на Земјата, ни дава и чувство на сигурност.

Во согласност со тоа, од астролошки аспект, месечината поттикнува на чистење и ослободување од непотребниот товар во животот. Со оглед на тоа што е присутна силна енергетска предиспозиција, потребно е да се преземе контрола над овој процес за да можеме со сигурност да ги отфрлиме непосакуваните работи.

фото: Rok Eržen photography

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *