Солзи, тага и болка на погребот на холивудската легенда Кирк Даглас

Познатиот американски актер Кирк Даглас погребан во Лос Анџелес, два дена откако почина на 104-годишна возраст.

Според „Фокс њуз“, Даглас во неговиот вечен дом, на гробиштата Вествуд, го испратиле членови на семејството, меѓу кои и синот, славниот холивудски актер Мајкл Даглас (75) со својата сопруга познатата американска актерка, Кетрин Зета Џонс .

На погребот присуствувале и другите двајца синови на Кирк, Питар и Џоел, сопругата Ен Бајденс која има сто години, а заедно во брак минале 65 години.

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година, како Ишур Даниеловиќ во градот Амстердам во сојузната држава Њујорк, во сиромашно семејство на еврејски имигранти кои потекнувале од место во денешна Белорусија.

Пред да се приклучи на американската морнарица во 1941 година, името Изи Демски, кое го користел дотогаш, официјално го променил во Кирк Даглас.

фото: Mirror

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *