(ВИДЕО)Срничката Бамби живее со семејство во С. Белица

На социјлната мрежа фејсбук се споделува видео објавена на фан страната на месната заедница на село Белица. На видео снимката се гледа како едно кичевско семејство чува необично милениче. Станува збор за срничка. Срничка ја нарекуваат Бамби и таа е миленик кој слободно се шета низ домот на овие луѓе.

Срничката дошла кај ова семејство пред повеќе од една година. Тогаш била изнемоштена и гладна. Откако ја нахраниле таа станала нивни чест гостин.

Видеото со срничката и семејството од село Белица може да го погледнете на овој линк.

видео и фото: ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *