Том и Џери слават 80-ти роденден

Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, неделава прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, проткаена со урнебесни ситуации, е измислена во одделението за анимација на филмската продукциска куќа МГМ. Авторите Бил Хана и Џо Барбера имале за цел да го достигнат успехот на Волт Дизни.

Првата епизода е објавена 1940 година, при што мачорот на почетоот се викал Џаспер, а глувчето – Џинкс. Постигна огромен успех, па дури и му донесе номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото.

Кратко потоа Џаспер и Џинкс биле преименувани во Том и Џери. Околу тоа дали тие ќе зборуваат, авторите го зеле предвид успехот на немите филмови со Чарли Чаплин, па знаеле оти ликовите можат да бидат забавни и без дијалог.

Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери“ денес ги поседува компанијата Ворнер Брос. Се планира и нов филм пред католичкиот Божик оваа 2020 година.

фото: OpusVida

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *