НАСА објави конкурс за астронаути

Националната аеронаутичко вселенска агенција (НАСА) синоќа објави конкурс за астронаути, заинтересираните можат да аплицираат од 2 до 31 март 2020 година.

Последен пат НАСА распиша сличен конкурс за обука на астронаути пред четири години. Во најновиот опис на задолженијата се вели дека агенцијата сака да испрати нова класа астронаути на Меѓународната вселенска станица, со „намера да заминат на Месечината и на Марс“, за поколението Артемис.

Програмата Артемис е низа од мисии со цел постојано присуство на луѓе на Месечината кои треба да започнат од 2024 година, при што ќе биде испратена и првата жена на Земјиниот сателит.

Што треба да исполнуваат заинтересираните кандидати:

Основен услов е поседување државјанство на САД и магистерска диплома од инженерски, биолошки, физички или компјутерски науки, или математика, добиена од акредитиран факултет.

Кандидатите исто така треба да имаат двегодишно професионално искуство, или најмалку 1,000 часови пилотско искуство со управување на млазни авиони. Идните космонаути треба да го поминат лекарскиот преглед на НАСА за долготрајно летање во вселената.

фото: Focus Junior

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *