Најстариот човек во светот ја откри тајната на долговечноста: „Никогаш немојте да се лутите, а секогаш смејте се…“

Новиот Гинисов рекорд за највозрасен човек на светот од денеска му припаѓа на Јапонецот Читетсу Ватанабе од Нигата, кој има 112 години и 344 дена.

Јапонецот, инаку роден 1907 година, сака слатки и верува дека насмевката е лековита.

Претходниот рекордер беше, исто така- Јапонец, Масазо Нонакас, кој почина минатиот месец. Највозрасна жена е Јапонката Кане Танака, која има 117 години.

Најстариот човек обожува слатки работи и верува дека насмевката е лековита.

До пред десет години, Ватанба се занимавал со одгледување бонсаи и учествувал на изложби за минијатурни дрвца.

Ватанабе завршил училиште за земјоделство, а потоа се преселил на Тајван каде што работел на плантажи за шеќер. На Тајван живеел 18 години, се венчал со Митсуе и имале 5 деца.

По Втората светска војна во Ватанабе се вратил во Нигату и работел за локалните власти сè до неговото пензионирање. Во слободно време одгледувал овошје и зеленчук на подрачјето на семејната фарма.

Кога го прашале во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе им рекол “никогаш да не се лутат и секогаш да се смеат“.

фото: ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *