Пронајдени фосили од желка со големина на автомобил

Фосили на желка со големина на автомобил се пронајдени во северниот дел на Јужна Америка. Се верува дека овие џиновски желки (Stupendemys geographicus) живееле во оваа област во периодот пред 13 и седум милиони години.

Првите фосили од ваква желка се пронајдени 1970-тите години, но овие животни сè уште се мистерија за научниците.

Долги се четири метри, односно биле големи и тешки колку еден просечен автомобил и ги населувале мочуришните предели ширум Јужна Америка, пред да се создадат реките Амазон и Ориноко.

Денешните џиновски желки, за споредба, растат до 1,5 метри во должина.

Мажјаците имале издолжен преден дел од оклопот, во облик на рог, а длабоките лузни на фосилите укажуваат дека тие биле користени како одбрана против противниците. Желките живееле на дното на езерата и реките, заедно со џиновските крокодили, и се хранеле со помали животни, растенија, овошја и семиња.

Нивната големина била клучна во одбраната против другите грабливци. Во еден од пронајдените фосили има заглавен скршен заб од крокодил.

фото: ABC News

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *