Авионот полетал со 106 патници, а слетал со 107 – Македонец се родил во авион на ЈАТ на 8.000 метри височина

Марија Тодева се породила на 13 февруари 1978 година во авион на авиокомпанијата ЈАТ, а била породена од екипажот на авионот. Ножиците со кои ја пресекле папочната врска биле дезинфицирани со виски, а детето го добило името Јатко. Денеска, тој полни 42 години, објави слободен печат.мк

Мајката на Јатко имала 18 години, а летала во осмиот месец на бременоста од Белград преку Сингапур за Сиднеј. Таму ја чекал сопругот Стојан Тодев, кој неколку месеци претходно заминал за Австралија во потрага по подобар живот. Се породила на два часа пред слетување, на 8.000 метри. Веќе наредниот ден, веста за овој несекојдневен настан одекнала во медиумите.

Кум на бебето бил пилотот кој управувал со летот .

Текстот во целост на: Слободенпечат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *